За кого и за што е Ново Име? – НОВО ИМЕ

Тука можеш да дознаеш повеќе за самиот начин на избор на Ново име, како и за наградите кои ги подготвивме за откриените таленти.

 

✔ Имаш меѓу 16 и 30 години и живееш на територијата на Македонија?

✔ Имаш талент од областа на науката, култура, уметност или спорт?

✔ А талент да го претставиш својот талент на уверлив начин?

✔ Си исполнил еден супер-едноставен формулар за пријава?

✔ Не си заборавил да снимиш и супер-креативно видео во времетраење од 60 секунди?

 

Сите ставки ги одбележав, и сега што?

Твојот талент не оди преку седум мориња и планини, туку директно во нашиот инкубатор (не, не е толку страшно како што звучи), каде што твојата намера внимателно и нежно ќе ја испитаме во најбрз можен рок.

Ако се покаже дека твојот талент е навистина импресивен, а твојата замисла оригинална и изводлива, ќе биде објавена на нашата платформа. И не заборавај – сè се случува во првите 15 дена од месецот, па што порано се пријавиш, тоа ти се поголеми шансите да станеш нашето Ново име. Се прашуваш како? Така што со тоа ќе имаш повеќе време твојот талент да го препознаат и другите, односно оние кои треба да ти го дадат својот глас и така да те направат победник.

Затоа што, поентата е токму во тоа што кога твојата пријава ќе ја оцениме како вредна и штом ќе се појави на (оваа) платформа, гласањето може да почне! Што, што, што?

Да, Новите имиња на крајот не ги бираме ние, туку другите. А гласови можеш да собираш на самата платформа (на која што си сега).

Виде дека рековме „Нови Имиња“?

Секој месец бираме едно Ново име. Со проста математика, тоа значи дека секоја година поддржуваме реализација на 12 проекти и креираме 12 Нови Имиња.

А што добива Ново Име од нас?

Секој месец, едно Ново Име добива…

Та-дам! До 2.500 евра за остварување на својот сон, своите желби, своите големи визии.

Нешто заборавивме? Не, но ако не сакаш да го читаш целиот текст, еве ти поедноставна варијанта:

  1. Својот талент пријави го тука.
  2. Веднаш по примањето на твојата пријава (од 1. до 15. во месецот) и откако ќе се утврди нејзината валидност, твојот скриен талент и планот за негово откривање се спремни да бидат претставени на оваа платформа.
  3. Гласањето трае од моментот кога твојата пријава официјално ќе биде објавена на платформата (оваа на која си сега), па до последниот ден во месецот (значи, што порано ја испратиш пријавата, имаш повеќе време да ја анимираш публиката), а гласовите кои одлучуваат кој ќе стане Ново Име ги собираш токму тука.
  4. Ново Име го прогласуваме на почетокот на секој месец и го наградуваме со парична награда во износ до 2500 евра.
  5. Тоа е тоа.

 

Забелешка: Организаторот на проектот го задржува правото, во консултација со експерти од доменот на наука, култура, уметност или спорт, да одлучи за конечниот износ на паричната поддршка која ја добива победникот во секој циклус.

 

Сакаш да се пријавиш на натпревар или сакаш да го дадеш својот глас за некој од кандидатите? Треба само да се пријавиш преку Фејсбук!