Мартин Милевски (Виница) – НОВО ИМЕ

Сакате да гласате и да му помогнете на вашиот омилен? За да имате право да гласате, не заборавајте да се најавите (видете горе десно)!

Еј, каде тргна?
Еден човек - едно срце.
Такви се правилата.

гласови: 295
ocjena: 295

Талент што го поседувам:

Има доста многу нешта кои ме „влечат“ и ми имат помогнато доста во своето осознавање кој сум и што сум. Едно од нив е фотографирањето. Од секогаш сум имал некоја визија за нештата околу мене и правејќи некој успомен од нив. Дали тој успомен ќе го паметам или гледам во вид на слика, тој секогаш ќе биде дел од моето срце и од мене. Така, со тек на време, мојата љубов кон фотографирањето растеше се повеќе. Овие години, како тинејџер, ги прифаќаш нештата кои те задоволуваат и сакаш да ги искористиш на добар начин. Последните 2 и пол години, ја споделувам мојата креативност и работа преку профил на Инстаграм, во вид на слики (поточно портрети). Бев доста возбуден и истовремено исплашен создавајќи го тој профил, мислејќи што другите ќе мислат за моите дела, дали ќе им се допаѓат и слично. Но, едно сфатив во тие 2 и пол години. Самостојност и креирање на својот пат во понатамошниот живот, без никаков страв од нештата кои ќе те пресретнат, а секако и повеќе знаење за фотографирањето.

Јас сум...

Амбициозен, снаодлив, оптимист, искрен.

Моето мото

Биди сам свој Бог.

Види го моето видео:

Слика што ме опишува

Слика што ме опишува
 

Сакаш да се пријавиш на натпревар или сакаш да го дадеш својот глас за некој од кандидатите? Треба само да се пријавиш преку Фејсбук!