Александра Атанасова (Ново Село – Струмица) – НОВО ИМЕ

Сакате да гласате и да му помогнете на вашиот омилен? За да имате право да гласате, не заборавајте да се најавите (видете горе десно)!

Еј, каде тргна?
Еден човек - едно срце.
Такви се правилата.

гласови: 24
ocjena: 24

Талент што го поседувам:

Уште од најмала возраст покажував потреба да нацртам нешто, често ѕидовите и интериерот беа моите најголемите жртви.
Колку повеќе растев, растеше и бројот на сликарски материјали (често скратував од парите за ужинка за да можам да си купам нови бои, четки или слично).
Кога отидов на меѓународен натпревар, прв пат сликав на платно и толку ми се допадна што почнав да сликам и дома и да ја подготвувам мојата прва изложба на платно.
Бидејќи сум авантуристична личност и сакам да посетувам нови места, запознавам и нови стилови, па тоа ме инспирира да креирам некои модни креации.
Кога би морала да издвојам збор-два за сликарството само би рекла дека тоа е крвта во моите вени, моето хоби, мојата страст и мојата идна професија која никогаш нема да ми здодее.

Јас сум...

Амбициозна, оптимист, слаба самодоверба, авантурист, избувлива.

Моето мото

На овој свет сме дојдени како обични смртници но нашите дела можат да бидат вечни.

Види го моето видео:

Слика што ме опишува

Слика што ме опишува
 

Сакаш да се пријавиш на натпревар или сакаш да го дадеш својот глас за некој од кандидатите? Треба само да се пријавиш преку Фејсбук!