ПРАШАВТЕ – НОВО ИМЕ

1.Колку циклуси на пријави постојат?
Во оваа година вкупно ќе имаме 10 отворени циклуси за пријавување. Својата шанса да станеш Ново Име ќе ја имаш секој први во месецот кога на нашата страница ќе се појави формулар за пријавување. И, секој циклус ќе трае до 15-ти во месецот.

2. Како изгледа пријавата?
Пријавата е всушност многу едноставна – треба само да ни одговориш на неколку прашања, да закачиш една своја фотографија и видео до 60 секунди во кое ќе ни го претставиш својот талент. Само води сметка фотографијата да биде во формат 1920 x 1080 пиксели, а видеото во максимално траење до 60 секунди и големина до 200 MB.

3. А што всушност треба да има во тоа видео?
Видеото е најзабавен дел од секоја пријава. Во него имаш слобода на најдобар начин да ни го претставиш својот талент.

Наш еден профи тип е во него конкретно да го прикажеш својот талент: доколку пееш – пеј, доколку глумиш – глуми за камера, доколку танцуваш – покажи ни ги тие сјајни чекори…

Во него можеш да ни одговориш и на неколку прашања како што се: Зошто си ти Ново Име? Кои се твоите досегашни успеси? Што планираш да направиш со наградата која можеш да ја освоиш? И, што твоите пријатели мислат за сето тоа?

Сето ова нека ти биде насока како може да изгледа видеото и пушти ја фантазијата на најјако да ни покажеш на најдобар и најинтересен начин зошто баш ти треба да ја освоиш титулата Ново Име.
Само внимавај твоето видео да не биде подолго од 60 секунди и поголемо од 200 МВ, затоа што со тоа твојата пријава нема да биде валидна.

4. Дали можам да ја сменам својата пријава откако ќе ја испратам?
За жал, откако пријавата ќе биде потврдена, таа не може да се менува. Но, ако навистина имаш нешто што би сакал да смениш, тоа што можеш да го направиш е: пиши ни на kontakt@novoime.mk и во емаилот испрати ни ги твоите податоци, што сакаш да промениш и како тоа треба да изгледа.

5. Кој сé може да гласа?
Да гласаат можат сите од Македонија кои по пат на својот Facebook профил ќе се пријават на нашата платформа. Но, бирај внимателно, затоа што имаш само еден глас во секој циклус.

6. А што доколку се пријавам во еден циклус а не победам?
Па секако тоа не е крај. Додека трае натпреварот, можеш да ни испраќаш свои пријави. Кој знае, можеби баш идниот месец ќе биде твој среќен месец.

 

Сакаш да се пријавиш на натпревар или сакаш да го дадеш својот глас за некој од кандидатите? Треба само да се пријавиш преку Фејсбук!