Нови Имиња – НОВО ИМЕ

Сандра Туфеска

Со акрилни техники на платно или со графички моливи на хартија, оваа дваесетгодишна девојка твори единствени портрети. Токму поради тоа, со своите гласови одлучивте да нашето Ново Име биде баш таа! Една од нејзините најголеми желби е упознавајќи ги луѓето од светот на уметноста,  да стекне нови знаења и да го усоврши својот талент. Сандра, веруваме дека пред тебе се прекрасни нешта и дека титулата ќе ти биде неопходниот ветер во грб.

Влатко Иљачев

Упдејтирајте ги своите плеј листи, затоа што ние имаме нов омилен пеач. Влатко Иљачев ја понесе титулата Ново Име за месец фебруари. Од својата осма година пее и пишува балади за клавир. Неговиот сон е еден ден да ги сними сите свои 52 песни (wow!) кои што ги напишал, но и да ги испее пред голема публика. Ние знаеме дека ќе бидеме во првиот ред.

Антониј Ристески

Знаеме со чии beat-ови ќе денсаме на некој следен фестивал, затоа што нашиот Антониј Ристески е млада надеж на DJ сцената.Иако својата љубов кон електронската музика активно ја негува во последните шетити месеци, не се сомневаме дека, со работа и труд, својот талент ќе го доведе до врвно ниво.Ние сме тука да му дадеме ветер во грб.Ни останува да чекаме повик за настап на Tomorrowland.

Викторија Симеонова

Виктор Иго кажа: Музиката изразува се она што не може да се изрази со зборови, а не смее да остане некажано. А нашето ново име на музиката – Викторија кажа многу повеќе. Дека гитарата е нејзиниот најдобар другар повеќе од 6 години. Дека музиката е светлост која го осветлува секој нејзин нов ден и жица која ја спојува со прекрасни луѓе. А ја спои и со другарката со која се пријави на Ново Име и
ја однесе победата. Уште едно Ново Име на музиката ја чека светла иднина.

Ангела Георгиевска

Се надеваме дека сочувала место на полиците поред силните медали и пехари, зато што Ангела Георгиевска е нашето Ново Име на танцот!Со пријателките Ева и Дaјана, веќе 3 години се занимава со танц и нанижува успеси во Македонија, но и пошироко. А, кажува дека наградата Ново Име ќе и допринесе да го продолжи својот низ на успеси.А нејзиниот мото ќе го паметиме: “Не вежбај да успееш, вежбај да не можеш да погрешиш.”

 

Сакаш да се пријавиш на натпревар или сакаш да го дадеш својот глас за некој од кандидатите? Треба само да се пријавиш преку Фејсбук!