КОИ СЕ НОВО ИМЕ? – НОВО ИМЕ

Кои се Ново Име?

Елена од Гостивар сака да ја објави својата прва збирка песни. Не е сигурна како.

Ристе од Скопје од мал свири виолина. Сака својот талент да го покаже на другите. Има талент, но немал можност.

Гоце од Струга сака да сними документарен филм во кој ќе ја прикаже убавината на својот роден крај. Поседува знаење, но нема опрема.

Се прашувате кои се овие луѓе?

Млади луѓе кои имаат соништа и желби, а такви денес има многу. Можевме да го употребиме кое било име за да ги претставиме оние кои сонуваат да направат исчекор, оние кои сакаат да го поделат своето знаење и талентот со другите, оние кои веруваат дека можат да го воодушеват светот со својата умешност. Но, не употребивме.

Зошто, баш тоа кое било име е она кое ние го бараме.
Името на иднината.

Добро, во што е штосот?

Што е Ново Име?

Програма, проект, платформа, можност, поддршка? Ок, сето тоа заедно. Не зборуваме течно на јазикот на проектите, но ако веќе мора, тогаш да кажеме вака:

Ново име, кое во целост е подржано од компаниите АДМИРАЛ, АСТРА и КАЗИНО ФЛАМИНГО ХОТЕЛ, а кои на територијата на Македонија работат под закрила на меѓународниот лидер во индустријата на игрите, групацијата Новоматик, е програма за поддршка која ќе им даде ветер во грб на младите и талентирани луѓе како Елена од Гостивар, Ристе од Скопје или Гоце од Струга. Ново име е платформа кој со конкретна поддршка на сцената сака да доведе бестрашни поединци кои се спремни да блеснат во својот полн сјај. Ајде вака: Ново име е местото каде што многу скриени таленти ќе бидат еднаш за секогаш откриени.

Бидејќи не сме љубители на ликот и делото на бирократијата, за да станеш Ново име, еден од условите е да имаш меѓу 16 и 30 години и да живееш на територијата на Македонија. Комплицирано? Е, да, да не заборавиме: првиот и најважен услов е да имаш талент и идеја во која веруваш. Твојот талент можеби лежи во областа на науката, можеби во културата и уметноста, а можеби и во спортот, но нам тоа ни е сосема неважно. Важно е твојот талент да е скриен во една од овие области и да имаш желба да го поделиш со светот.

Сега сигурно со причина се прашуваш: Што имам јас пак од тоа да го откривам својот скриен талент и да ги споделувам своите генијални идеи?

Добро прашање. Види вака, за тебе тука се три работи во игра.
Со вклучување на својот талент во нашиот инкубатор добиваш можност да освоиш месечна и парична награда. И, што, всушност, би ти било уште покорисно, добиваш можност некој навистина да работи со тебе на остварувањето на тевојата замисла. А како шлаг на тортата, добиваш и публицитет, односно можност да го претставиш својот талент и работа на пошироката публика.

Добиваш можност твоето име навистина да стане Ново име.
Уште нешто важно треба да знаеш – ако во првиот обид не ти успее да станеш Ново име, имаш право да се пријавиш секој нареден пат (што значи дека твојата пријава нема автоматски да влезе во следниот циклус, туку дека треба повторно да ја испочитуваш процедурата за пријавување).
Со тоа што секој само еднаш може да стане Ново име, па кога ќе успееш, препушти им ја шансата на другите да пробаат. Така е фер, нели?!

Ако се согласуваш со ова, сега оди на јазичето за пријавата и наградите, за да видиш колку супер сме ги смислиле.

 

Сакаш да се пријавиш на натпревар или сакаш да го дадеш својот глас за некој од кандидатите? Треба само да се пријавиш преку Фејсбук!