ДА СЕ ПРЕТСТАВИМЕ – НОВО ИМЕ

Кој стои зад идејата на Ново Име?

Кој e Новоматик, а кој е Новоматик Македонија?

Групацијата Новоматик важи за трговски лидер во областа на креации и иновации на опреми за игри и системски решенија. Основана во сега веќе далечната 1980 год. во Австрија, како замисла на професорот Јохан Граф, Новоматик прерасна во сеопфатна меѓународна компанија која денес работи на територијата на 45 земји, а својата иновативна технологија за игри и решенија ја извезува низ целиот свет. Ориентирана кон континуиран напредок, групацијата Новоматик ја сместува иновацијата на самиот врв на деловните приоритети и така зазема место меѓу пионерите во индустријата.

Но, заедно со иновативноста и оригиналноста, Новоматик никогаш не заборавил и на одговорноста.

Концептот на социјално-одговорно работење за Новоматик, а и за АДМИРАЛ, АСТРА и КАЗИНО ФЛАМИНГО ХОТЕЛ, како претставници на територијата на Македонија, никогаш не бил само концепт, туку и убедување. Убедување дека должност на големите и успешни компании е со своите средства да овозможат развој и просперитет, како во локалните заедници во кои делуваат, така и пошироко. Водена од тие убедувања, во својата 40-годишна работа на глобалниот пазар, групацијата Новоматик до сега поддржала многубројни хуманитарни и добротворни активности, спортски манифестации и културни случувања.

Потврда дека Новоматик навистина ги застапува вистинските вредности насочени кон она што претставува основа на општеството – самиот човек, стигна и до Црвениот крст, компанија која глобално важи за најголемиот поединечен донатор и меѓународна хуманитарна организација.

Визијата на Јохан Граф била токму создавање на корпорација чија суштина ќе биде општествена одговорност и филантропски убедувања и која својот успех ќе го дели за повисоко добро.

А, Ново Име, како перјаница на солидарноста кон општеството, претставува само еден во низата проекти со кои АДМИРАЛ, АСТРА и КАЗИНО ФЛАМИНГО ХОТЕЛ ја продолжуваат основачката мисија на Граф и ја претвора во дела.

Конкретни дела од конкретно значење за конкретното општество во кое, конкретно, живееме.

 

Сакаш да се пријавиш на натпревар или сакаш да го дадеш својот глас за некој од кандидатите? Треба само да се пријавиш преку Фејсбук!